Здружението на автомобилските производители во Европа (ACEA) ја објави новaта статистика, во која не запознава за потрошувачките ставови во однос на изборот на погонски тип кај новите возила во првиот квартал од годината.
Податоците на ACEA покажуваат дека во првата четвртина од 2020 година, доминирачка позиција на европскиот пазар имаа бензинците. И покрај намалувањето на новите регистрации од 32,2% до ниво од 1,3 милиони единици тие држат 52,3% од вкупниот бизнис. Големо е и намалувањето во побарувачката на нови дизел автомобили со 32,6% до 738.392 примероци, што е еднакво на пазарниот удел од 29,9% (33,2% за првата четвртина на 2019 година).
За разлика од новите бензинци и дизел автомобили, електричните возила бележат неверојатен раст во пазарното учество од 2,5% за првиот квартал. Сериозен придонес за овој резулат имаат и целосно електричните модели и хибриди на полнење, а побарувачката на истите се има зголемено соодветно со 68,4% и 161,7%.
Најимпресивно за првите три месеци на 2020 година е зголемувњето во побарувачката на елосно електричните автомобили во Чешка, каде што е забележан раст од 500% (+497.9%) до ниво од 855 примероци. Зголемување од 355,2% (до 5.399 примероци) се забележува во Италија, од 285,1% на Исланд, од 207% во Словачка, од 204.4% во Велика Британија и од 145,6% во Франција.
Хибридите кои не се полнат формираат 9,4% од вкупниот бизнис во Европа со 232.525 нови регистрации (+45,1%) во првиот квартал.