Главните авто производители во Јапонија поставија нов рекорд, ќе вложат 25,5 милијади долари во истражување и развој во фискалната 2017.
Според пишувањето на Nikei Asian Review трошоците за развој и истражување кај Honda, Suzuki и Subaru ќе достигнат рекордно ниво годинава, додека Toyota и Nissan ќе го задржат сегашното, за нив исто така рекордно ниво. Кај Mitsubishi се очекува растот да биде 20 отсто.
Toyota, вториот најголем светски произведувач на возила ќе потроши повеќе од трилион јени (околу 8,96 милијарди долари) во фискалната 2017, и тоа четврта годин апо ред. Ова е и покрај падот на оперативниот профит иако компанијата падна зад Volkswagen во борбата за најголем светски производител.
Најголем дел од парите на Toyota ќе бидат во инвестирање во поврзување, автономно возење, вештачка интелигенција и роботика.