Уникатната електрична иницијатива CITROEN AMI стартува на 11 мај (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На крајот на февруари, Citroen ги откри првите детали за уникатната уницијатива наречена AMI. Станавме сведоци на премиерата на еден исклучително нестандарден дизајн и целосно електричен автомобил, кој ветува да понуди ново решение за одговорна градска мобилност по многу достапна цена.

Сега од Citroen откриваат дополнителни детали за проектот AMI, со оглед на тоа што најважното за нив е тоа што онлајн продажбите во Франција со можнсот за доставување на адреса, почнуваат на 11 мај. Следниот чекор во понудата на субкомпактниот електричен автомобил ќе биде направен на средината на јуни, со воведувањето на автомобил во реалните трговски објекти, вклучувајќи ги Fnac и Darty, како и партнерските центри и дилери на Citroen.

Програмата за заедничка корист на Citroen Ami во услугата Free2Move во Франција ќе стартува од јули, а првите испораки до клиентите ќе бидат направени кон крајот на следниот месец.

Од Citroen исто така објавуваат дека AMI, кој ќе биде достапен во 7 различни верзии и нивоа на опрема, ќе биде пуштен во продажба во Шпанија и Италија кон крајот на оваа година, а во текот на следната ќе биде лансиран и на другите пазари.

Двоседот CITROEN AMI (должина 2,41 метри, ширина 1,39 метри и висина 1,52 метри) нуви автономност од 75 километри и максимална брзина за движење од 45 км/ч, што гоправи применлив како за во класични градски услови така и за патувања надвор од градот. Литиум-јонската батерија (5.5 kWh) на електромобилот може да биде полнета директно од домашната електрична инсталација за три часа.

Покрај преку системот Free2Move и плаќање на минута користење (0,26 евра по минута) и с долгорочно најмување – 48 месеца со цена од 2644 евра, Citroen Ami ќе се нуди исто така и со директно купување по цена од 6.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK