Иако пред извесно време беше објавено дека над 30.000 нарачки имаше за првиот електричен Mustang кој ќе го носи името Mach-E, сега стигнуваат потврди дека тој е веќе распродаден и нарачките стигнаа до 50.000. Тоа значи дека планираното производство за првата година е веќе резервирано. Ваквата информација стигнува од членовите на MacEClub откако еден од членовите потврдил дека неговата резервација го има бројот 50.002.
Ford потврди дека првата година од производството планирани се само 50.000 модлеи што ќе бидат склопени. Компанијата смета дека тоа енавистина солидна бројка, иако на пример за исто време конкуренцијата како што е Tesla Model 3, Model Y и Cybertruck имаа поголем број на резервации
За резервација на Musteng Mach-E треба да се депонираат само 500 долари, што значи дека Ford веќе има собрано 5 милиони долари како преднарачки. За споредба за нарачка на Tesla Cybertruck се бараа само 100 долари, а има над 620.000 нарачки досега.
Од Ford велат дека бројот што го има на резервацијата секој клиент не значат и последователен производен број. Според нив завршени се нарачките само за ограничената Mustang Mach-E First Edition. Сите други варијанти се достапни за порачување.
Моделот треба да пристигна на крајот на 2020 година, и Mustang Mach-E ќе има опции со стандардни батерии или со такви за продолжен досег. Освен тоа електромобилот може да биде со пренос на предните тркала или со пренос на сите четири тркала.
Mustang Mach-E доаѓа во Европа можност со едно полнење на батеријата да се извози до 600 километри, а при корисење на станицата за полнење на конзорциумот IONITY (150 kW), полнењето за нови 93 километри е можно само за 10 минути.
Во Ford велат дека до крајот на следната година, потрошувачите во Европа ќе можат да избираат помеѓу 18 понуди за електрични и електрифицирани понуди, а до крајот на годинава бројката ќе биде 14.