Honda собра три награди Red Dot, електричната Honda – Best of the best

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Honda објави дека на годинешното издание од конкурсот за дизајн Red Dot освои три награди, а меѓу нив и главното признание Best of the best за целосно новата 100% електрична Honda E.

Другите две признанија за брендот се во категоријата смарт продукти и за CBR1000RR-R Fireblade SP, како за подобрувањето на успешната историја на компанијата во конкурсот Red Dot, признание кое низ годините го добија Honda S2000 во 2001 и Civic во 2006 (Red Dot: Best of the Best), како и Accord Tourer во 2008 и Insight во 2009 (Red Dot).

Honda E е уште еден чекор, кој брендот го прави кон реализирањето на стратегијата за електрификација на 100% од понудата во Европа до 2025 година. Создаден е со идејата да понуди исчистен и функционален дизајн, високитехнологии и целосно електричен погон за градска употреба.Новиот модел на брендот ќе се појави на пазарот со иновацискиот систем Side Camera Mirror, со што класичните надворешни ретровизори ќе бидат заменети со компактни камери и два шест инчни екрани.

Honda E е опремена со моќен електричен мотор со 136 или 154 коњски сили и литиум-јонска батерија со капацитет од 35,5 kWh, а автономноста на електримобилот е до 220 километри. Од компанијата најавуваат дека полнење до 80% е можно за околу 30 минути. Со заден погон електромобилот е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за околу 8 секунди.

Овој електромобил ќе понуди фунционалност и борд виртуелен асистент кој ќе има самостојна студија за виртуелен асистен заснована на искуство.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK