ЗНАЕТЕ ЛИ: Во која општина во Македонија има најмалку регистрирани автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Дали знаете во која општина има најмалку регистрирани автомобили? Од стереотипни причини може ќе кажете во Арачиново, но далеку сте од точниот одговор.

Според официјални податоци, најмалку регисрирани возила има во Општина Зрновци. Во оваа општина на истокот од земјата во која според последниот попис се живеат 3.264, се регистрирани вкупно 265 автомобили.

Во првата општина регистрирани се 414 автомобили, во Вевчани 429 додека во Росоман 426 автомобили.

Од друга страна очекувано, најмногу регистрирани автомобили има во Скопје и тоа 149.483. Во рамките на општините во градот Скопје, најмногу регистрирани автомобили има во општина Центар и тоа 23.414 додека најмалку во Шуто Оризари, 2.568.

На целата територија на Република Македонија се регистрирани 415.051 автомобил. Засега нема податоци колку од автомобилите кои претходно се регистрирале сега не се регистрирани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK