Возачи испратиле 10.000 снимки од видео камери до полицијата – половина завршиле со пријава

ОБЈАВЕНО НА:

Поставувањето на видео камера во автомобилот со која се снима се што се случува пред возилото е особено попуарна во Русија од каде стигнуваат многу интересни и некогаш необични видеа. Истите ги има и во возилата на автошколите кога се обучуваат нови возачи. А понекогаш направените видео снимки може да послужат и во решавање на некоја спорна ситуација.

Британците исто така сакаат да имаат камери во внатрешноста на автомобилот. Според последните податоци околу 3 милиони возила имаат поставено камера во внатрешност. И не само што ги имаат туку до полицијата испратиле 10.000 видеа во кои се тврди дека има некој сообраќаен прекршок. Половината од тие видеа биле причина полицијата да покрене некоја постапка, а околу 1.200 завршиле со пријава.

 

 

Полицијата апелирала да не се испраќаат толку видеа, од се и сешто бидејќи таа нема доволно ресурси сите нив да ги прегледа. Во јули 2018 бил поставе национален портал за безбедност каде се поставувале виде од камерите во автомобилите. Иако ова е многу модерно, сепак полицијата тврди дека и понатаму ќе постојат камерите за снимање и сообраќајците кои потролираат на патиштата.

 

Многу од тие видеа решиле сообраќајна ситуација, не ретко и кога имало повредени. Од 39 полициски патроли во Англија дури 28 се приклучени на тој систем и ги користат снимките при откривањето на несовесните и опасни возачи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK