Иако пред неколку денови организаторите на белградскиот саем за автомобил, мотоцикли и наутика објавија дека саемот во српската престолница ќе се одржи, сепак сега истиот се одложува.
Оваа одлука доаѓа откако Владата на Србија воведе бројни мерки за борба против коронавирусот кој во оваа земја е дијагностициран кај повеќе лица.
Една од мерката поради која се одложува овој саем е забраната за одржување на јавни собири во затворен простор со повеќе од 100 лица.
Организаторите преку ПР соопштение наведуваат дека овој саем се одложува, но не и откажува. Тоа значи дека истиот ќе се одржи во некој иден период годинава.