Еден од шефовите на Mercedes, Маркус Шафер вели дека компанијата ќе се фокусира на електричните возила и поради тоа ќе мора дополнително да ги смали трошоците.
„Во моментов вршиме истражување на нашата понуда и гледаме што сè можеме да понудиме, особено кога се работи за чисто електричните возила. Тоа е комплексна работа и нашиот раст на тој пазар значи дека сè повеќе ќе се насочиме кон тоа. Идејата е јасна“, вели Шафер.
Тој доадава дека поради ова многу модели ќе бидат исфрлени, а се зборува дека бројката ќе биде дури 45, но не наведува кои точно модели ќе се најдат на листата.
„Имаме многу широк избор на модели на автомобили и можеме сè да скратиме. Наскоро ќе донесеме одлука и ќе информираме“, изјавува Шафер.