Bentley Bacalar: Специјална серија од само 12 автомобили (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Со премиерата на моделот Bacalar, Bentley демонстрираше не само еден исклучително провокативен и различен автомобил од прифатеното за стандард на брендот во последните неколку години. Покрај тоа ја рестартираше и дејноста на делот за специјален развој Bentley Mulliner- со три (Classic, Collections и Coachbuilt) специфични ориентации за што најави дека е најстарото од ваков вид во целиот свет.

Bentley Bacalar се разликува од кој било друг актуелен автомобил на легендарниот бренд не само по дизајнот на екстериерот и интериерот туку и според фктот дека е едвај вториот двосед автомобил на компанијата.

Bacalar со сигурност е најекслузивниот и уникатен предлог на Bentley, а дополнителен „спој“ на уникатност додава и тоа дека автомобилот ќе биде произведен во лимитирана серија од само 12 примероци. Сите се веќе распределени што е сосема нормално.

Од Bentley коментираат, дека во производството на Bacalar се комбинирани уникатни рачни потфати и високотехнолошки решенија, еколошки материјали и нестандардни идеи, а во таа бројка и боја од пепел.

Моторот на Bentley Bacalar е шестлитарски, W-образен, 12-цилиндричен со максимална моќност од 659 коњски сили, неговиот менувач е осумстепен роботски, а суспензијата е адаптивно воздушна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK