Би дале ли 100.000 долари за оваа играчка автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Колекционерското „автомобилче“ играчка Chevrolet Camaro се проценува на 100.000 долари. Ова е вредност на четири нови „вистински“ автомобили од овој тип во основна верзија. За што станува збор? Колекционерите на играчки знаат дека тајната на енормните цени на малите автомобили се крие во нивната старост и раритет. Како и кај сите други колекционерски скапоцености – колку предметот е постар и изработен во помалку примероци, толку вредноста му е поголема.

Во случајот на Chevrolet Camarо од компанијата Hot Wheels од 1968 година станува збор, според сите информации за единствен примерок. „Се работи за колекционерски автомобил произведен во Хонг Конг. Само прототиповите на моделот обично се премачкувани со бела боја, за да провери дали имаат оштетуања.

Таквите копии не оделе во продажба, но понекогаш по грешка, сепак, се праќани во продавница. Наводно тоа се случило во случајот на белото Camaro, моделот чии сериски примероци од играчката чинат 59 центи.

Автомобилот го пронашол колекционерот на играчки, Џоел Меги, експерт во оваа област кој објаснил дека колекционерите имаат некои од овие бели Chevrolet, но сите се направени во САД, а не во Хонг Конг што на неговиот модел му даваат поголема егзотичност.

Ако сте колекционер на играчки, за секој случај проверете дали некој примерок навистина залутал во вашата ризница. Ќе се исплати бидејќи стручњаците потврдиле дека белото Camaro навистина вреди 100.000 долари. Меги вели дека нема да го продаде туку ќе го покажува на колекционерски конгреси и на изложби на играчки.

Бел Camaro, сличен на оној кој го пронашол Меги, но изработен во САД чинел „само“ три илјади долари. Следбениците на страната тешко си ги објаснуваат астрономските вредности на ретките колекционерски автомобилски играчки.

Најскапата играчка на Hot Wheelsa е розевиот Volkswagen пикап од 1969 година, чија вредност се проценува на неверојатни 175.000 долари, а сè поради фактот дека по грешка на дизајнерот на даски за сурфање (која дошла заедно со автомобилчето) не се вклопувала во патничкиот простор. Подоцна дизајнот е сменет и даската почнала да се прицврстува од страна, а двата примероци со „погрешниот“ дизајн вредат цело богатство.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK