На средината на ноември, Ford и официјално го претстави електричниот SUV, Mach-E кој се базира на Ford Mustang.
Иако сеуште не е дистрибуиран по продажните салони, а воопшто не е започнато ниту производството, Ford се пофали дека првата серија е веќе распродадена. Американскиот производител не открива колку тоа количински е, но за само девет дена резервирана е целата серија од првото производство на овој модел.
Претходно годинава, Ford потврди дека годишното производство во првата година т.е. следната година ќе изнесува околу 50.000 единици, а почетната цена на First Edition верзијата изнесува 61.000 долари. Сепак, подоцна ќе бидат лансирани и други верзии чии цени започнуваат од 45.000 долари.
Повеќе за овој модел можете да прочитате ТУКА.