Нов рендер за можниот изглед на новата Alfa Romeo Giulia

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo никако да го фати чекорот со планот усвоен на последниот собир на FCA во Балоко, Италија, кога тогашниот прв човек, Серџо Маркијоне го претстави амбициозниот план за овој италијански бренд.

Додека сите во моментов со надеж гледаат на новиот SUV, Tonale чиј официјални фотографии “истекоа” пред неколку недели, а во кого се гледа како модел кој може да ги реши потешкотиите на Alfa, на интернет се појави нов рендер за можниот изглед на новата Alfa Romeo Giulia.

Секако, станува збор за неофицијален рендер изработен од дизајнер кој очигледно за инспирација го има земено концептниот модел на Tonale. Оттука произлегуваат и предните линиски LED светла, а составен дел е и препознатливат предна маска.

Италијанските медиуми пишуваат дека претставувањето на новата генерација на Giulia која не ги исполни очекувањата во поглед на продажбата ќе се случи откако претходно ќе бидат претставени моделите Tonale и Giulietta. Тоа значи дека новата генерација треба да ја очекуваме кон крајот на 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK