Поради даночни олеснувања Fiat ќе мора да плати казна од 30 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

На адресата на најголемиот италијански производител Fiat пристигна казна од 30 милиони евра поради добивање на незаконски даночни олеснувања.

Судот при Европската Унија врз основа на извештајот на Европската Комисија донесе пресуда поради добивање на незаконски олеснувања од Луксембург и Холандија каде се наоѓа и седиштето на FCA.

Европската Унија, а со тоа и земјите членки имаат строга законска регулатива за доделување на даночни ослободувања и финансиски субвенции и стимулации, па за очекување беше уште од пред некоја година дека Fiat ќе се соочи со парична казна.

Засега нема информација дали ЕУ ќе покрене постапки против Луксембург и Холандија за прекшување на законите на ЕУ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK