Golf I произведен во Југославија на продажба во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Ретко кој денес знае дека првата и втора генерација од култниот Golf се произведувал во Југославија. Токму еден таков автомобил од првата генерација, произведен во TAS (Tvornica Automobila Sarajevo) е на продажба во Германија.

Станува збор за автомобил произведен во 1982 година во Сараево. Сопственикот Марсел Шмидт од Котбус наведува дека автомобилот е целосно реставриран и дека има поминато само 88.400 километри.

Овој автомобил кој ја носи наставката JGL распоалга со 1.3 литарски четири цилиндрен мотор кој продуцира 60 КС. Сопственикот има направено целосна реставрација. Обновен е моторот, префарбан и лакиран, нов менувач и управувач како и претапацирани седишта.

Volkswagen Golf JGL

Иако можеби очекувате цената да е со пет цифри, сепак овој автомобил се продава по цена од 7.599 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK