Први рендери од Volkswagen ID.3 R

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Франкфурт своја премиера имаше моделот ID.3 – моделот со кој Volkswagen влегува во новата ера, ера на електрификација.

Потребни беа помалку од 24 часа за на интернет да се појави и рендерот од спортската R верзија на овој модел. Овој рендер го објави AutoExpress и секако, не станува збор за официјален рендер па оттука доаѓањето на R верзијата останува енигма.

Магазинот пишува дека евентуалната R верзија би добил уште еден електромотор поставен на предниот дел, погон на сите четири тркала и 21 инчни алуминиумски фелни.

Тоа би придонело за далеку подобри перформанси и тоа од 110 kW односно 150 КС и верзија со 204 КС.

Повеќе за основниот модел можете да прочитате ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK