(Видео) Го фатиле пијан – за да не го казнат ја изел возачката

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе направите прекршок подготвени сте на се само да избегнете казна. Истото го сторил и еден Русин во градот Чернопевец кој откако бил сопрен од полицијата и имало индиција дека е пијан го поканиле во возилото додека трае проверката. Ненадејно ја земал возачката и почнал да ја ѕвака надевајќи се дека нема да може да добие казна.

Мажот го привлекол вниманието на полицијата уште пред да влезе во возилото затоа што неговиот автомобил со соптаниците одел „лево-десно“ на улица. Полицијата до сопрела на следната раскрсница и забележала дека во внатрешноста мириса на алкохол.

За да се утврди дали тоа возачот конзумирал или некој од неговите сопатници, тој бил повикан од патролата во нивната кола з апроверка. Отпрвин го послуша она што тие му го кажале, а потоа изненадувачки ја земал хартијата од рацете на полицаецот, ја наполнил устата и почнал да џвака.

Откако утврдил дека пластиката и не баш вкусна возачката ја скрил во гаќите. Возачот сепак бил однесен во болница, каде му бил извршен тест на крвта за алкохол, но и на ова тој категорично одбивал. Возачката му била одземана а автомобил конфискуван.

Памет за другпат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK