Поради лажирање: Mercedes повлекува рекорден број возила!

ОБЈАВЕНО НА:

Германската агенција за автомобили KBA издаде налог до Daimler да повлече околу 60 илјади автомобили од Германија.

Причината зошто ќе се повлекуваат овие возила лежи во вградениот софтвер од страна на Daimler кој ги контролира издувните гасови. При тоа софтверот ги смалува штетните издувни честичи само при контрола на истите, а при редовно користење емитира повеќе од дозоленото штетни гасови.

Оваа организација веќе од април спроведува истрага во Daimler, а тоа го потврди и портпаролот на производителот за германски Bild.

Спорни се моделите Mercedes-Benz GLK 220 CDI произведени помеѓу 2012 и 2015 година, а не се исклучува можноста со ова повлекување да бидат афектирани и други модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK