Неочекувано позитивен продажен перформанс забележа Tesla, поточно моделот 3 во март во Европа.
Според официјалните поддатоци презентирани од страна на JATO Dynamics, моделот 3 на Tesla во март забележа продажба од 15.755 примероци, што е повеќе од конкурентските Mercedes C класа, BMW серија 3 и Audi A4.
Истовремено, овој модел го зазема првото место на листата најпродавани автомобили за март во Норвешка, Швајцарија и Холандија, а во скандинавската земја забележа и пазарен удел од 29%. На ниво на ЕУ, брендот Tesla заврши на 25. позиција оставајќи ги зад себе премиум ривалите Lexus, Jaguar и Alfa Romeo.
Дамка на одличата продажба оставија останатите два модели во понудата. Така продажбата на моделот X забележа пад од 52% остварувајќи продажба од 874 примероци додека моделот S забележа пад од 72%.