Знаете ли зошто служи топчето под предната шофершајбна?

ОБЈАВЕНО НА:

На горниот дел од контролната табла на некои автомобили, близу до основата на стаклото може да се види малку чудна полусфера, која очигледно не е поставена таму како дел од декорацијата. Оттаму се поставува прашањето зошто истата служи?

Многу луѓе водат доста спорови околу целта на тој „таинствен“ предмет. Првото нешто, кое оди на ум е дека тоа е светлосен сензор. Сосема логично. Друг може да каже дека тоа е сензор за дожд за автоматско вклучувње на бришачите, додека трети се обидуваат да го поврзат топчето со алармниот систем на автомобилот

Сите три верзии се збунувачки, а никој не е во право. Одговорот е многу поинтересен и позбунувачки. Полусферата е дел од климатскиот систем на автомобилот. Во упатствата за работа на возилото пишува дека таа никогаш нема да биде попречена на кој било начин бидејќи во спротивно ќе ја намали ефикасноста на греењето и климатизацијата на просторијата.

Задачата на овој сензор е да пренесува информација за интензитетот на сончевата светлина на контролната единица. Во зависност од информациите кои доаѓаат од него се избира оптималниот начин за работа на системот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK