По веста дека Toyota ги прави достапни сите свои патенти за производство на хибридни автомобили и технологија, уште една неочекувана вест соопшти јапонскиот производител.
Станува збор за технологија за производство на електрични автомобили која сега ја продава на кинеската старт-ап компанија Singulato.
“Со електрификацијата и автономното возење, време е повторно да се испитаат т.н. стари начини на производство” изјави извор близок до Toyota. Тој наведува дека во време кога сите производители тежнеат кон чисто електричните автомобили, време е Toyota да продолжи кон својот пат на континуиран развој на хибридните автомобили.
Кинеската компанија ја откупи лиценцата за користење на целосниот дизајн на Toyota eQ – батерија наменета за електрични микроавтомобили. Овој договор беше објавен во рамките на саемот во Шангај каде Singulato го претстави концептот eQ.