Осум месеци по премиерата на концептот, францускиот производител Renault во Москва ја претстави продукциската изведба од купе SUV моделот Arkana.
Без речиси ниту една измена во однос на концептот, Arkana доаѓа со многу привлечен екстериер и дизајн препознатлив за францускиот производител чија дизајнерска филозофија е позајмена од моделите Koleos и Megane.
Во недостаток на официјална потврда за моторите со кои ќе располага, се претпоставува дека Arkana ќе ги има истите мотори како и Duster. Така овој модел ќе биде достапен со 1.6 литарски бензински и 1.5 литарски дизелски мотор.
Овој модел ќе се продава само во Русија и земјите од CIS (Украина, Белорусија, Казахстан…), а производството ќе се одвива во фабриката на Renault во близина на Москва. Првите модели од производната лента се очекува да излезат во септември годинава, а во нареднот период се очекува да биде објавена и почетната цена.