Србија ќе го забранува увозот на стари автомобили!

ОБЈАВЕНО НА:

Се погласни се шпекулациите дека Србија оваа година ќе го забрани увозот на половни автомобили од странство.

Станува збор за автомобили постари од 10 години, а како двигатели на оваа идеја се еколошките друштва. Целта зад оваа идеја е да се спречи увозото на автомобили кои ја загадуваат околината, а воедно и да се мотивираат купувачите да купат нов автомобил по поволни начини на финансирање.

Во последните пет години во Србија се увезени речиси 600.000 половни автомобили што е повеќе од било кога, а што ја прави оваа земја најголем увозник на половни автомобили во овој дел од Европа.

И Владата на Србија со новите регулативи на некој начин ќе го отежне увозот на половни автомобили, а од друга страна ќе воведе и субвенции за еколошки автомобили.

Со ова Србија ќе го следи примерот на Македонија каде е забранет увозот на половни автомобили постари од 10 години како и Албанија каде од изминатата година оваа забрана стапи на сила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK