Во наредните два месеци контролорите на ЈП ПОЦ ќе ги опоменуваат сите возила коишто ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште или резидентна улица, а не се корисници-резиденти на секторот во коишто се паркирани. Од 10 април 2019 година (среда) корисниците коишто ќе постапуваат спротивно новите насоки ќе бидат санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“ или отстранети со специјално возило „Пајак“
Ако случајно решите да паркирате во центарот на Скопје на некое од паркиралиштата на Општина Центар треба да внимавате бидејќи им апромена во зоните, а со тоа и цените. Најскапиот паркинг сега ќе биде 100 денари за еден час во 0 зона.
Промените се однесуваат на трите најфреквентни јавни паркиралишта – Дебар Маало, Буњаковец и Капиштец. Секторот Дебар Маало од зона 1 премина во зона 01, а секторите Буњаковец и Капиштец од зона 2 преминаа во зона 1. Ценовникот за сите зони во ПОЦ се следните.
Според известувањето од општината Центар, со овие промени ќе се подобри организацијата на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.
Пред околу четири месеци градот Скопје најави дека ќе направи одредени промени што се однесуваат на паркиралиштата на јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“. Измените се однесуваа на зонската поделба на јавните паркиралишта, временското ограничување за користење на паркиралиштата, начинот на наплата на паркирањето и начинот нa користење на повластениот паркинг-билет.