BMW серија 5 во практична караванска верзија (Фотогалерија)

ОБЈАВЕНО НА:

По промоцијата во октомври 2016 година на новата BMW серија 5, сега баварците ја покажаа и нивната практична караванска верзија G31. Пред публиката моделот ќе биде претставен во Женева на почетокот на март, а продажбата ќе тргне во јуни.

Оваа серија 5 Touring се базира на истата CLAR платформа која се користи и кај триволуменската „петка“. Официјални податоци засега се уште нема, но новиот Touring би требало да биде стотина килограми полесен од својот претходник. Тоа е заслуга на алуминиумот од што се направени многубројните елементи на автомобилот вклучувајќи ја и петтата врата.

Багажникот на Touring може да собере 570 литри, а со преклопување на задните седишта вкупниот волумент се зголемува до 1.700 литри. Покрај зголемениот волумент во багажникот, BMW серија 5 Touring има и зголемена носивост и во зависност од моделот, таа е за 120 кг. поголема.

Практичноста на Touring се глед аи во делумното преклопување на наслонот на задните седишта, можност за подигање на стаклата на петтата врата, електрично преклопување на наслонот на задните седишта и автоматско отворање и затворање на петтата врата.

Веќе на почетокот од продажбата ќе има четири мотори, по два бензинци и дизели.
Основниот дволитарски четирицилиндричен бензински мотор ја има ознаката 530i, кој со помош на турбо полначот нуди 252 КС и 350 Нм вртежен момент. Посилниот трилитарски 6-цилиндричен турбо бензински мотор располага со 340 КС и 450 Нм вртежен момент. Тој е со ознака 540i xDrive. Во двата модели преносот на силата на подлогата е преку 8 степен автоматски менувач.

Дизелските агрегати почнуваат со 520d со дволитарски четирицилиндричен турбодизелски мотор со 190 КС и 400 Нм. вртежен момент. Може да се избира мешу 6 степен рачен, или 8 степен автоматски менувач. Посилната дизелска опција има ознака 530d, а трилитарскиот 6-цилиндричен мотор располага со 265 КС и 620 Нм вртежен момент. Ќе се нуди само во комбинација со автоматски менувач, а како опција и со погон на двете оски (xDrive).

Фотогалерија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK