Tesla и официјално започна со изградба на мега фабриката во кинескиот град Шангај.
Оваа инвестиција која Маск ја најави пред неколку месеци е во вредност од нешто повеќе од 2 милијарди долари, а се очекува во целост да биде готова до крајот на годинава кога се очекува да се започне со производството на моделот 3 наменет за овој пазар.
Според очекувањата на американскиот производител годишното производство ќе изнесува 500 илјади аввтомобили доволни за задоволување на кинескиот и околните пазари.
До крајот на годината се очекува и започнувањето на градежните активнотсти и на фабрика во Европа каде ќе се произведуваат автомобили наменети за европскиот пазар. Во комбинација се неколку земји меѓу кои Белгија, Холандија, Германија, Словачка и Велика Британија.