Легендата заминува: Томос оди под стечај

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот мопед со кој растеа многу генерации на овие простори заминува во историјата бидејќи Окружниот суд во Копер отвори стечајна постапка за словенечката фабрика “Томос” откако не успеа да најде стратешки партнер за да помогне во справувањето со проблемот со ликвидноста.

Во ноември предлог за принудна управа беше поднесен од вработените во Томос за неплатени плати, придонеси и надоместоци за одмор, пишува словенечката агенција СТА.

Бидејќи Томос не го оспори тоа дека е несолвентен или поднел барање за одложување, се смета за несолвентен според законот за банкрот. Судот го именувал Штефан Верен како стечаен управник давајќи им на доверителите рок до 3 април да поднесат свои барања.

Кога работниците поднесоа барање за присилно управување, директорот и сопственикот на Томос, Исток Пикл рече дека компанијата се уште може да се спаси.

Меѓутоа, тој призна дека им должел на своите вработени две месечни плати и бонуси за одмор.

Компанијата на Пикл, “МПО Кабел” го купи Томос од индустрискиот конгломерат “Хидрија” во 2015 година, кој потоа ги продаде производителите на мотори како нестратешки средства.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK