Германците лудуваат по Застава 101 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Иако одамна не се произведуваат моделите на Застава 101 се многу популарни во Германија од страна на тамошните колекционери. Босанецот Дино Чолиќ е колекционер на југословенски олдтајмери и досега во Германија има увезено околу 70 возила од марката Застава.

Сите се во возна состојба, а најмногу се бара моделот 101. Тој може да се вози и во забранетите зони. Во германија има сертификат на олдтајмер и така може да влезе и во одредени зони без оглед на тоа што нема соодветен катализатор.

Германците најмногу купуваат 101. Нема проблеми со резервни делови бидејќи некои делови одговараат и од модели на Fiat или Фиќо. Mоже да се користат и делови од Yugo, некои делови се исти и со „пеглица“. „Деловите во Германија се поевтини отколку во земјите од бивша СФРЈ“, вели Чолиќ.

https://www.facebook.com/dw.bhs/videos/505358719960279/

Неговата задача е да најде добро сочувани модели и тоа во земјите на бившите Ју републики. Најмногу купува во Словенија. Тие возила се најдобро сочувани и полесно е да се регистрираат во Германија.

Целата приказна за Чолиќ и олдтајмерите на застава можете да ј апогледнете во прилогот на Дојче Веле.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK