BMW ќе започне со издавање на кредитни картички

ОБЈАВЕНО НА:

Ако Ford изнајмува тротинети, Volkswagen произведува колбаси, зошто да не може BMW да издава кредитни картички?

Секако дека може, а за овие намери на германскиот производител пренесуваат американските медиуми. Тие додаваат дека претставници на компанијата веќе одржале состаноци со финансиски институции во САД каде отворено ги пренеле своите намери за влез во финансискиот сектор на оваа земја.

Портпаролот на BMW America не сакаше да ги коментира овие пишувања, но многу е извесно дека во наредниот период портфолиото на германскиот производител ќе се збогати за уште една услуга. Оваа услуга BMW ќе ја овозможи во соработка со некоја од банките во САД со која заедно ќе издаваат ко-брендирана кредитна картичка.

Целната група на ова се очекува да бидат сопствениците и потенцијалните сопственици на BMW возила во САД, а нивната бројка е значително голема. Какви се карактеристики и услуги ќе бидат инкорпорирани во брендираната кредитна картичка останува да се види по официјализирање на овие најави.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK