сабота, 26 март, 2026 година

Skoda планира електрично спортско возило

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По промоцијата на два СУВ автомобили, Kodiaq и Karoq, сега од Skoda гледа напред и размислува за иднината и за новите возила со нулта емисија на штетни гасови.
Едно од тие би било спортско возило инспирирано од моделот 110 R Coupe модел со мотор поставен позади од 70-тите години од минатиот век. За постоењето на овој план пишува и AutoExpress цитирајќи го шефот на одделот за технички развој, Кристијан Струбе.

Одговорот „Да, но електричен“ бил добиен на прашањето дали компанијата планира повторно модел сличен на 110 R. Но, нема детали околу тоа, и неизвесно е кога ќе пристигне на пазарот и што може да се очекува во однос на перформансите и понудата.

- Advertisement -

Доаѓањето на вакво спортско возило со нулта емисија на штетни гасови се поврзува со MEB платформата што треба да ја делат сите модели на Volkswagen групацијата.

Но, пред да пристигне спортскиот модел сигурно е дека Чесите прво ќе се испробаат во сегментот на електрични возила со други пет модели, што се веќе потврдени. Ова ги вклучува електричната верзија на Citigo што треба да дебитира во 2018, и продукциската верзија на Vision E Concept што дебитираше минатиот месец во Шангај а треба да пристигне една година подоцна.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја