По четири последователни успешни години, Mitsubishi Motors ја доби нарадата „Бренд на годината“ доделена од страна на германскиот совет за дизајн. Наградата се однесува за успеси постигнати во делот на дизајн на брендот, мултимедијалното вмрежување, како и организирани промотивни кампањи и настани.
Што се однесува до продажбата на Mitsubishi Motors на најголемиот пазар за автомобили во Европа, Германија, гледано низ бројки, во 2013 година, продадени биле речиси 22.000 возила од овој јапонски бренд, за во 2017 година оваа бројка е удвоена и изнесува нешто над 45.000 возила.
„Фокусирани кон купувачот, конзистентно управување со брендот кој ги зачува традициите и корпоративните вредности, трговските партнери, ефикасната комуникција на брендот за електромобилноста, погонот на сите тркала и SUV моделите, ги поставија основите за одржлив раст и успешна иднина во тешката пазарна средина“, изјави др.Јорг Дил, извршнот директор на познатата германска консултантска фирма GMK.