Ferrari најавува голема експанзија до 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Прашање на време беше кога Ferrari ќе го објави својот развоен план за наредните години како одговор на последните активности на конкуренцијата, особено на Lamborghini.

Според објавената стратегија, во периодот помеѓу 2019 и 2022 година, италијанскиот производител планира да лансира дури 15 нови модели кои ќе се базираат на две платформи. Двете платформи ќе подржуваат хибриден погонски систем. Во рамките на овие модели ќе биде понудена и новата линија на V6 мотори, а се планира и нова т.н. Turbo Hybrid линија.

Од Ferrari потврдуваат дека ќе продолжат со развојот и производството на хибридни модели, па така она што е започнато со моделот LaFerrari ќе продолжи да се практикува и кај други модели. Така според планот, до 2022 година, 60% од сите нови модели на италијанскиот спортски производител ќе бидат достапни со хибриден погон. Со ова овој производител ќе го следи трендот на популаризација на автомобилите на алтернативен погон, а истовремено ќе ја потенцира важноста за еколошката димензија.

Она што поранешниот директор на Ferrari срамежливо го најавуваше сега добива и официјална потврда. Така во наредниот период пондуата на италијанскиот бренд ќе се збогати со првиот кросовер кој ќе го носи називот Purosangue. Тука е и новиот модел инспириран со дизајн од моделите од 50те и 60те години на минатиот век. Покрај овие модели, Ferrari ќе лансира уште неколку специјални модели чие производство ќе биде ограничено на многу мал број на производни единици.

Image result for ferrari suv 2020

Покрај новите модели, Ferrari ќе ја подобри и услугата кон клиентите која опфаќа намалување на времето на сервисирање на автомобилите, но исто така и зголемување на можностите за персонализација на автомобилите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK