Сакате да купите Bugatti? Еве како изгледа процесот на купување

ОБЈАВЕНО НА:

Дефинитивно едни од најскапите автомобили ако не и најскапи се оние на Bugatti. Големо влијание за ова има ултра луксузниот имиџ кој францускиот производител го создаде низ годините, а за што голема благодарност има рачната изработка на автомобилите проследена со користењето на луксузни и премиум материјали при производството.

Но доколку сакате да бидете иден сопственик на ваков автомобил треба да знаете дека тоа не може да го направите со едноставно одење во салон и купување туку мора да го поминете однапред дефинираниот процес на купување. Што тој опфаќа и како изгледа можете да прочитате во продолжение.

Се започнува на Molsheim Experience, настан кој Bugatti специјално го организира за своите потенцијални купувачи. На овој настан производителот овозможува на еден ден да го посетите главното седиште на овој производител во Франција и да ги тестирате возилата на лагер.

Kako se kupuje Bugatti? Proces kupovine ekskluzivan kao i sam automobil

За да бидете поканети на овој настан потребно е да докажете дека сте потенцијален купувач, а тоа наједноставно можете да го направите со доказ дека веќе поседувате едно Bugatti.

По прошетката на седиштето односно дворецот Сент Жан, се започнува со пробно возење на Bugatti автомобил кој во моментов е на понуда. По ова следи враќање во дворецот каде во посебна просторија со помош на експерти можете да го креирате односно персонализирате вашиот иден Bugatti автомобил.

Стандардно, покрај бојата, имате можност да одберете и една од 16те видови на кожни облоги во внатрешноста, да одберете фелни и дополнителни додатоци кои ја збогатуваат внатрешноста, а со својот луксузен изглед го потенцираат луксузниот карактер на автомобилот.

Директорката за комуникации на францускиот производител наведува дека купувачот на крајот на посетата добива точен износ врз основа на пресонализацијата кој треба да го плати, а најевтиниот Bugatti автомобил чини 3 милиони евра. Таа наведува и дека секој сериозен купувач на крајот на денот прави нарачка за еден, а неретко и за два автомобили.

Накратко низ сето ова мора да поминете доколку сакате да купите автомобил, а доколку сте сериозно заинтересирани тоа морате да го направите најбрзо бидејќи производството на Bugatti е секогаш ограничено на релативно мали количини.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK