Покачувањето на царините кон Кина, блокадите и санкциите кон Иран и Русија, воведени од страна на САД е јасен показател за новата трговска војна која ја објави САД. Сепак по последните санкции и зголемувањето на царината кон Турција и контра мерките кои ги презентираше Ердоган, значително ја погодуваат автомобилската индустрија.
Особено погодена е турската авто индустрија која изминативе години бележеше тренд на постојано зголемување. Така минатата година достигне годишно проиводство од 1.5 милиони возила. Сега, со значајното слабеење на лирата како и санкциите од САД, на удар се бројни произодствени погони во земјата.
Санкциите ќе бидат голем удар за FCA кои во Турција го произведуваат моделот RAM Promaster, наменет за САД. Од друга страна, зголемувањето на царините ќе биде голем удар за Jeep моделите кои се извезуваат од САД. И Toyota има значаен извоз од Турција во САД. Тука пред се се мисли на моделот C-HR кој се произведува во Турција, а е наменет за пазарите од Европска Унија и САД.
Иако не извезуваат во САД, сепак економските неприлики се удар и за Renault кој во оваа земја го произведува моделот Clio. Hyundai пак, во Турција ги произведува моделите i20 и i30, а од 2021 година во план е да започне производство и на неколку SUV модели.
Transit Courier е моделот на Ford кој е под закани поради моменталната состојба во внатрешните и надворешните односи на Турција. Овој модел Ford го продава на домашниот турски пазар како и земјите од регионот. Претходно овој производител објави дека ќе инвестира дополнителни 52 милиони американски долари во производствените погони во Турција, но последните економски неприлики може да придонесе до откажување на планираната инвестиција.
За сега е сè уште нејасно како ќе се одрази економската војна врз автомобилската индустрија во Турција, иако аналитичарите сметаат дека оваа ситуација ќе допринесе за релокализација на фабриките на авто производителите од Турција во некои од соседните земји или пак во Унгарија, Словачка и Чешка каде во последните години автомобилската индустрија бележи пораст, а земји каде во моментот оперираат PSA Групацијата, BMW, Suzuki, Hyundai Motors, Volkswagen Групацијата и Jaguar Land Rover.