Познати се речиси сите возачи во тимовите во Ф1 за новата сезона

ОБЈАВЕНО НА:

Паскал Верлаин досегашниот резервен возач на Mercedes, постигна договор да се пресели во Sauber за 2017 година, и речиси се познати сите трансфери на возачите пред почетокот на новата сезона.

Верлаин треба да го пополни местото на Валтери Ботас, кој пак би требало многу брзо да биде промовиран во нов член на Mercedes како замена за Нико розберг кој по освојување на титулата реши да се повлече.
Самиот трансфер на Верлаин од Mercedes во Sauber покажува дека тимовите ги договараат условите за трансферот на Ботас. Се уште се преговара за детали но се очекува следните денови се да биде познати и потврдено во јавноста.

Останува само уште тимот на Manor да ги потврди возачите, а раководството на екипата е во преговори со неколку заинтересирани инвеститори.
Најверојатен состав на тимовите за 2017
Mercedes: Луис Хамилтон – Валтери Ботас
Red Bull: Даниел Рикардо – Макс Ферстапен
Ferrari: Себастијан Фетел – Кими Раиконен
Force India: Серхио Перез – Естебан Окон
Williams: Фелипе Маса – Ланс Строл
McLaren: Фернандо Алонсо – Стофел Вандорн
Toro Rosso: Карлос Саинц јуниор – Даниил Квјат
Haas: Роман Грожан – Кевин Магнусен
Renault: Нико Хулкенберг – Џолион Палмер
Sauber: Паскал Верлаин – Маркус Ериксон
Manor: се уште нема најави

Следете не и на:

24AUTO NETWORK