понеделник, 26 март, 2026 година

Најновите тарифни пакети на Вип стартуваат од 449 денари

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Вип воведе четири нови постпејд тарифни модели прилагодени кон комуникациските потреби на секој член од семејството.

Новото Vip Family тарифно портфолио се состои од четири тарифни модели и тоа: Vip Family Hype, Vip Family Hero, Vip Family Hero+ и Vip Family Senior.

- Advertisement -

Супер атрактивниот Vip Family Hype тарифен модел е наменет за оние кои сакаат да се постојано онлајн со 4G брзина, додека со Vip Family Hero или Vip Family Hero+ корисниците добиваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи како и 4G интернет.

“Нашeто Vip Family портфолио е совршен избор за корисниците на мобилната телефонија и уверен сум дека во богатиот избор на тарифни модели, секој член од семејството ќе го пронајде совршениот пакет што ќе одговара дури и на оние со најспецифични комуникациски потреби. Специјално креираните Family пакети, наменети за секој член на семејството ги сметаме за наша огромна предност, дотолку повеќе што на корисниците освен висококвалитени и неограничени услуги во мобилната телефонија  им нудиме најконкурентна цена што секако ќе значи и заштеда во семејниот буџет”, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на Вип.

Со Vip Family Hype за месечна претплата од 449 денари, корисниците добиваат 6 GB 4G интернет, неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница, како и 100 минути кон други национални мрежи. Vip Family Hero месечно чини 599 денари и е наменет за корисници кои сакаат долги разговори. Во пакетот се вклуени неограничени разговори и СМС кон сите мрежи и 3 GB 4G интернет. Со Vip Family Hero+, за 999 денари месечна претплата корисниците добиваат неограничени разговори кон сите мрежи, неограничени СМС пораки , 6GB интернет и 50 минути за меѓународни разговори. Vip Family Senior е наменет за пензионери, а за месечна претплата од само 249 денари, корисниците можат да уживаат во неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница и добиваат вклучен 500 MB мобилен интернет.

Тарифните модели од Family портфолиото можат да се комбинираат и во рамки на Комбо пакетите на Вип кои вклучуваат: мобилна телефонија, фиксна телефонија, интернет и телевизија.

Family тарифните модели се промотивни и достапни со договор на 24 месеци за нови и обновени договори за сите физички лица кои имаат активна најмалку една Вип мобилна линија со месечна претплата од 550 денари или ќе активираат барем 2 Vip Family мобилни линии од кои една е со минимална месечна претплата од 550 денари.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја