Да се биде сопственик на автомобил навистина не е така едноставно како што изгледа. Потребно е квалитетно да се грижите за него, за сонот да не се претвори во кошмар.
Многумина свесно или несвесно грешат во односот кон автомобилот и не му го даваат она што е потребно, а секој пропуст се враќа како бумеранг.
Тогаш најчесто страда паричникот бидејќи секој пропуст на крајот се плаќа двојно.
Игнорирање на „Check engine” индикаторот
Индикаторот „Check engine“ не е минлива грешка, која се појавила денес, а веќе утре нема да се види никогаш повеќе. Секој пат кога ќе се активира потребно е да и се посвети особено внимание бидејќи игнорирањето може да резултира со скапа поправка.
Нередовно менување на масло и филтри
Маслото за моторот е како крвта за човечкото тело. Клучно е за исправната работа и никако не е препорачливо да се промашува интервалот за замена кој е предвиден од страна на компанијата. Многумина сметаат дека е единствено важно да има масло доволно, а притоа не земаат предвид дека квалитетот на маслото опаѓа со тек на времето. Замената на филтрите е еднакво важна бидејќи тие спречуваат нечисторијата да продре кон виталните делови на моторот.
Занемарување на состојбата на гумите
Хроничната беспарица е причина поради која многумина не водат сметка за староста и за состојбата на гумите туку само се фокусираат на длабочината на шарите. Секогаш е важно да се има на ум дека целиот автомобил е во постојан контакт со подлогата на мала површина. Сигурноста на возењето во многу зависи од состојбата на гумите, а состојбата на гумите директно се поврзува со староста, длабочината на шарите и исправниот притисок.
Скокање на терминот за сервис
Произведувачот со причина го има пропишано распоредот на сервис и обемот на работи на него, па затоа никакви импровизации не се добри. Инженерите кои беа ангажирани на развојот на одреден модел на автомобилот се добро запознаени со проектираната издржливост на одреден склоп, па ако сакате да избегнете незгодни изненадувања држете се до тоа што имаат пропишано.
Лоша хигиена на автомобилот
Уште во претшколските установи се учи дека чистотата е половина здравје. Истото се однесува и за автомобилот. Одржувањето на хигиената ќе се врати повеќекратно. Полесно е да се воочи неправилноста, а исклучително е важно и на време да се отстранат сите честички кои би можеле поединечно да предизвикаат штета. Тоа посебно се однесува на деталното миење на автомобилите после зимските услови, кога има големи количини на сол, собрани од патиштата. Истата на повисока температура го нагризува лакот и со тоа овозможува напредување на корозијата.
Невнимателен возач
Независно од тоа какви се условите на патот, кон автомобилот секогаш треба да се однесувате со внимание и почит. Сите нагли движења, возење брзо со ладен мотор, гасење на топол, шкрипење на гуми, непотребно нагло кочење, налетување на дупки и нерамнини… Невнимателен возач со таков пристап повеќекратко, а непотребно, ја зголемува потрошуачката на виталниот склот и трајно нанесува штета на автомобилот. Разликите може да бидат толку што автомобилот со 100.000 минати километри да биде во чувствително полоша ситуација од исто таков модел во добри и совесни раце со 300.000 минати километри.