ЅВЕР: Аudi RS7 добива 770 KS

ОБЈАВЕНО НА:

Едно од тјунинг студијата со поестравагантен стил, Mаnsоry работи на Audi RS7 чија сива боја изгледа доста воздржана и нетипична. Тоа се разбира е впечаток на прв поглед.

При повнимателно гледање на фотографиите може да се открие дека купето од Инголштат со четири врати се има здобиено со карбон елементи како на пример типичната решетка за Audi, додатокот на предниот браник, праговите и задниот браник.

Различните елементи околу отворите на браникот, фаровите и ретровизорите. Нови се и трклата и бандажите, кои се обоени во црна боја, но со мал син акцент кој сугерира на тоа што чека во внатрешноста.

Отворајќи ја вратата на RS7 може да се открие комбинација од сина и црна кожа со карбски акценти на таблата, воланот, централната конзола и вратата. Освен седиштата, може да се открие и сината боја по вратите, поголемиот дел од таблата, предната конзола, потпирачот за рака, звучниците, па дури и долниот дел. Амблемот на воланот е сменет со логото на Mаnsоry.

За да се комплетира пакетот, тјунинг експертите направиле и некои софтверски измени под капакот, каде што 4.0-литарскиот V8 веќе генерира 770 коњски сили и 1.000 њутн метри. Тоа дозволува од 0 до 100 км/ч да се забрза за точно три секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK