Зошто служат мистериозните копчиња во возилата?

ОБЈАВЕНО НА:

Искусните возачи во принцип одлично го познаваат автомобилот и го знаат добро секој дел, но дури и на најискусните може да им се случи да не знаат за што служи некој од копчињата.

Знаците над копчињата во автомобилот се смислени така што би можеле сите да ги разберат, но тоа не е секогаш случај.

Има тастери кои се среќаваат во некои од автомобилите, кои се сосема неразбирливи и затоа во продолжение четири од нив ќе ви бидат разјаснети.

Shift Lock

Овој тастер се интегрира во близина до рачката на менувачот на стандардните автоматски менувачи. Понекогаш е сокриен под индивидуална брава, но за што се користи? Функцијата shift lock е неопходна за „отклучување“ на уредот и за менување на рачката во позиција N (неутрално), кога моторот не работи. Оваа функција се користи при дефект во моторот и при потреба од преместување на автомобилот без помош на моторот.

Рециркулација на воздухот

Кај голем дел од постарите автомобили ја отсликуваат функцијата за рециркулација на воздухот во внатрешноста на свој сопствен начин во вид на стрелки во круг. Секој не разбира за што станува збор. Кај поновите возила оваа функција е подобро прикажана со стрелка која влегува во контурите на автомобилот и е далеку поразбирлива од стрелките во кругот.

Исклучување на сензори

Овој тастер е достапен кај автомобили со фабрички алармен систем и има за цел да ги деативира сензорите за волумен на патичкиот простор. Тоа се прави ако во автомобилот имате домашен миленик на пример. Тастерот се среќава ретко, но го има во некои модели така што не е лошо да знаете за што се користи.

Загревање пред стартување

На Балканот нема многу возила со ваков систем, но во скандинавските земји овој тастер е доста често среќаван. Уредот е многу корисен особено за земји со студена клима, но функцијата на тастерот е доста неразбирлива. Тастерот вклучува загревање на моторот пред тој да биде стартуван.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK