Зошто гумите на автомобилите се црни?

ОБЈАВЕНО НА:

Откако првиот Ford Model T излегува од фабриката во 1908 година, технологиите за производство на гуми доживуваат голема трансформација и дефинитивно изминуваат долг пат до совршенството кое го имаат денес. Самите гуми се разликуваат не само по своите димензии, состав и структура, туку и по бојата. На почеток тие биле бели и дури во периодот на Првата Светска војна ја добиваат црната боја.

Виновнк за тоа е Дејвид Трејси, во тоа време уредник на Jalopnik. Шетајќи се низ узејот Ford Piquette Avenue Plant (првата фабрика на Ford, каде е изработен и склопен првиот Model T), тој забележува дека некои модели имаат бели гуми, а други црни. Затоа се обраќа кон францускиот производител Michelin за да добие одреден коментар.

„Оригиналните бели гуми имаат посветла боја поради природниот изглед. Техничкиот јаглерод (понекогаш нарекуван саѓи, иако тоа не е сосем точно) беше додаден во 1917 година, со што десетпати повеќе се зголемува отпорот на гумата“, објаснуваат од компанијата.

Ова е потврдено и од страна на инженерот Џек Кениг, кој пресметал дека една гума без саѓи може да издржи 8.000 километри, а гумите кои биле изработени со саѓи можеле да поминат и од 20.000 до 25.000 годишно и тоа во период од 3-4 години.

Сега техничкиот јагледот зазема околу 30% од составот на гумата, па тој и дава црна боја. Тој не само што ја прави поотпорна, туку и ја штити од ултравиолетови зраци, а исто така го подобрува и држењето на патот. Тоа значи дека го прави автомобилот и поиздржлив.

Многу интересно е и прашањето што претставува техничкиот јаглерод?

Тоа е продукт на јаглерод, кој не е целосно изгорен и од чиј чад се образуваат мали честици. На почеток продуктот се произведува на различни начини, а најчесто се користи пламенот од гасна лампа. Таа е насочена кон ладна површина, што резултира со формирање на саѓи. Тие се користат и како елемент за поцрнување.

Како се доаѓа до идејата гумите да станат црни?

Има неколку верзии, но најверодостојната е оврзана со недостатокот на муниција за време на Првата светска војна.

На почеток на 20. век производителите на гуми установуваат дека додавањето на цинк оксид го прави продуктот постабилен. Проблемот е во тоа што цинкот е важен дел од месингот од кој се прават артилериските проектили. На производителите им било наредено да не користат цинк во гумите бидејќи тој и бил потребен на војската. Според тоа морало да се бара алтернатива и таа вила пронајдена во техничкиот јаглерод.

Ако се истражува подлабоко се доаѓа до компанијата Crayola, која произведува моливи и маркери. Нејзни основачи се Едвин Бини и Харолд Смит, внук и син на Џозеф Бини, кој е основач на хемиската фаврика Peekskill во Њујорк, Тој прв почнува да користи технички јаглерод, но за да направи пигменти и мастило.

Предностите за користење на техничкиот јаглерод како засилувач за гумите се откриени од хемичарот Џон Моут во 1904 година, но никој тогаш не обрнува внимание на овој факт. Само осум години подоцна технологијата почнува да се користи во гумите на компанијата Diamond Rubber Co, која порачува 500 тони технички јаглерод.

Иако се зборува дека Првата Светска војна била виновник, сепак, податоците велат дека техниката за користење на саѓите место цинк за поголема стабилност била откриена порано и веќе се користела кога војната почнала. Зато овие нешта не треба да се поврзуваат, но тоа доаѓа од моментот дека автомобилите тогаш почнуваат да стануваат сè попопуларни и сè пораспространети. Соодветно гумите стануваат постабилни, благодарение на користење на техничкиот јаглерод кој ги прави црни, а такви остануваат до денес.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK