Зошто автомобилот троши повеќе гориво на ниски температури?

ОБЈАВЕНО НА:

Во просек, на температура од минус 7 степени автомобилот троши и до 12 отсто повеќе отколку во пролет или лето на 25 степени.

Температурата секојдневно паѓа, утрата се студени како најава за доаѓање на зимата. Автомобилот нормално е да троши малку повеќе кога надвор е студено. Но сигурно не сте знаеле дека потрошувачката на гориво при ладен мотор при ниски температури може да порасне до 40 литри гориво на 100 километри.

Возењето на кратки растојанија во зима не е економично бидејќи тогаш автомобилот троши најмногу гориво, односно моторот не успева да се загрее. Во просек, на температура од минус 7 степени автомобилот троши и до 12 отсто повеќе отколку во пролет или лето на 25 степени.

Постојат неколку причини за тоа: на моторот му треба малку време за да ја достигне оптималната температура кога работи најефективно. Ладното време го намалува притисокот во гумите, што може да го зголеми отпорот на тркалање и потрошувачката. Надворешниот студен воздух е погуст од топол, така што отпорот при возење и потрошувачката на гориво се зголемуваат.

Во услови кога на коловозот има снег и мраз, има повеќе лизгање на погонските тркала, па потрошувачката на гориво се зголемува. Побавното возење до 60 км/ч, исто така, има негативен ефект врз потрошувачката на гориво.

Паркирањето во потоплите места, како што се гаражите, ќе помогне. Исто така, кога ќе го вклучите автомобилот, почнете да возите што е можно поскоро, бидејќи и моторот побрзо ќе се загрее. Не користете ги функциите за одржување / одмаглување на прозорците и греењето на седиштата предолго

Со работата на моторот побрзо се постигнува работната температура и така и потрошувачката ќе се стабилизира. Секако предвид треба да се има и стилот на возење како и сообраќајот. При често застанување, движење во колона, потрошувачката на гориво се зголемува.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK