Ако имате навика да го полните резервоарот цел, или пак да ставите гориво за поголема сума, а со тоа и повеќе литри во резервоарот сигурно некогаш ви се случило при полнењето „пиштолот“ да „исфрли“ иако резервоарот не е полн. Се случува да престане да точи гориво, и откако ќе го извадите малку потоа да проработи и да продолжите со полнењето.
Веројатно не сте забележиле бидејќи кај нас на пумпите им авработени што точат гориво, но ако треба самите да наточите илипак некогаш сте точеле, можено е и вам да ви се случило истото.
Ова најчесто се случува кога веќе резервоарот е полн или при врв, но понекогаш и ако точите гориво, а знаете дека е тоа далеку од полн резервоар.
Пумпите за полнење гориво се дизајнирани автоматски да го исклучуваат сензорот за гориво кога има промена во притисокот на испарување на бензинот.
На врвот на „пиштолот“ за полнење гориво има отвор низ кој се влева гориво во резервоарот на автомобилот. Во отворот има сензор кој ги детектира промените на притисокот во резервоарот.
Кога сензорот за воздух на пиштолот моментално се затвора, се слуша „клик“ и горивото престанува да се точи.
Поновите возила се опремени со систем за испарување на горивото и имаат посовремени отвори за резервоари, па затоа е полесно да се полнат со гориво.
Постарите возила генерално го немаат овој систем, па ваквите проблеми се јавуваат почесто.
Значи, не е ништо опасно, и секако добро е да се знае.