Знаете ли колку кабли има во новите возила? (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Пред неколку деценции електричните делови во автомобилите можеа да бидат изброени на прсти, но во последните неколку години стануваме сведоци на сè помасовната интеграција на модерната автомобилска индустрија. Електричните модили и каблите кои се неопходни за функционирањето користат голем дел од шуплините во автомобилот, а должината на жиците некогаш достигнува и километри.

Ако некогаш сте се запрашале колку точно кабли има во еден модерен автомобил, тогаш благодрение на SEAT ќе можете да ги дознаете точните бројки и димензии на жици во еден модел каков што е Seat Ateca.

Според анализата од SEAT, во Ateca има повеќе од 1350 електрични кабли, чиј дијаметар варира од еден милиметар до еден сантиметар. Тие се користат со различни намени, притоа тука вклучувајќи ги и осветлувањето и аудио системите, безбедносните системи, како и системите за помош при раководење и друго во комбинација со околу 100 сензори и контролни модули.

Од SEAT коментираат, дека ако каблите бидат поставени еден до друг тогаш вкупниот ќе биде над 2,2 километри, додека нивната тежина е 42 килограми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK