Збогум за Polestar 1 со специјална златна серија (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на оваа година Polestar ќе го прекине производството на првиот модел во историјата Polestar 1. Хибридниот пионер на младиот бренд стана одличен прв чекор и со својот слободен дострел во чист електричен режим од над 120 километри, а сè уште е уникатен за автомобилската индустрија.

За да се каже збогум на Polestar 1, Polestar најави специјална лимитирана серија на хибридниот автомобил, во кој ќе бидат вклучени максимум 25 примероци. Секој еден од нив ќе биде исполнет во специјален мат златен екстериер, дизајниран во иста боја со сопирачките, црни тркала и ентериер со контрастен златен спој на кожениот тапацир.

„Тешко е да се верувам дека нашиот прекрасен пилот автомобил е при крајот на своето производство подоцна во текот на оваа година. Со неа се изменија стандардите, не само во однос на инженерството, туку и во однос на дизајнот и перформансите. Polestar 1 го постави тонот на нашиот бренд и неговите гени се видливи и во Polestar 2 – исто како што ќе бидат и во следните наши автомобили“, вели Томас Ингенлат, кој е извршен директор на Polestar.

Polestar 1

Polestar ќе го прекине производството на првиот модел во историјата Polestar 1. Хибридниот пионер на младиот бренд стана одличен прв чекор и со својот слободен дострел во чист електричен режим од над 120 километри, а сè уште е уникатен за автомобилската индустрија.

„Овој автомобил не е создаден за да биде категоризиран. Не го создадовме за да им конкурира на други автомобили или да одговара на специфична група на корисници. Polestar 1 беше предизвик на нормите“, потенцира Ингенлат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK