Засега е само патент: Ford ќе користи дронови за полнење на батеријата на автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

На патот на електрификацијата најголем проблем во моментов е што има мал број на станици за полнење на возилата. Секое зголемување на бројот на електрични возила на патиштата бара и соодветна инфраструктура. Во спротивно може да имаме доста „паркирани“ возила на патиштата бидејќи батериите им се испразниле.

Компаниите патентираат секакви технологии кои ретко стигнуваат до масовно производство, и една таква интересната идеја има Ford. Неодамна компанијата патентираше идеја за пружање „прва помош“ во отсуство на струја во батеријата, која изгледа како да е излезена од некој фантастичен филм од иднината.

Според патентот, наместо лице со кабли за напојување, батеријата ќе ја полни трио дронови кои ќе се поврзуваат еден со друг за да ја постигнат потребната моќност. Еден од квадкоптерите ќе ги води и насочува другите додека добива информации од сервер со точната локација на автомобилот и поставеноста на неговата батерија.

По вклучувањето, беспилотните летала се враќаат назад кон нивната почетна точка во конфигурација од три. Како што веќе беше споменато, не се знае дали технологијата некогаш ќе достигне масовно производство, а дури и да дојде, не очекуваме дека ќе биде наскоро.

Но, сепак идејата постои. Реализацијата е нешто друго.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK