Примерок од моделот Bugatti Chiron произведен во 2017 година е продаден на аукција во Париз, а сумата е неверојатна. Иако е речиси нов, заработката е речиси еден милион евра во однос на продажната цена. Сопственикот решил да го продаде иако го купил во април. А новиот сопственик морал да плати поскапо отколку да купел нов. За да не чека, а и тешко се влегува на листата.
Куќата RM Sotheby само неколку дена после добивањето на моделот испратила соопштение до сите заинтересирани дека ќе се одржи аукција на која ќе биде продаден Bugatti Chiron кој има поминато само 1000 километри. Со оглед на тоа што цената за која е купено возилото изнесувала 2,4 милиони евра, на аукцијата било добро заработено бидејќи на аукцијата возилото било продадено за сума од 3.323.750 евра.
Од Bugatti уште претходно беше соопштено дека планираат да произведат 500 возилa Chiron, а 70 од нив минатата година веќе биле доставени до купувачите. Меѓу нив било и возилото кое било продадено на аукција, кое било од првата серија од 20 направени автомобили. Инаку, кај првиот сопственик било испорачано во април минатата година.
Автомобилот има двобојна каросерија. Основната нијанса е French Racing светло сина, додека задниот дел е темно син (Atlantic Blue). Оваа комбинација на бои воедно е и заштитен знак за Bugatti.
И овој Chiron, како и другите има 8.0 литарски V16 со четири турбо полначи кој произведува 1500 коњски сили при 6.700 вртежи и развива 1.600 Nm максимален вртежен момент.
Моторот е поврзан со седумстепен автоматски менувач со двојно квачило, а силата се дава на сите четири тркала. Од 0 до 100 километри на час успева да достигне за 2,5 секунди, додека за достигнување на брзина од 200 километри на час се потребни 6,5 секунди. До 300 километри на час успеа дда стигне за 13,6 секунди.