Започна сериското производство на VW ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално, во фабриката на Volkswagene Групацијата во Цвикау започна сериското производството на електричниот модел ID.3. Сериското производство започнува откако минатиот месец се произведоа првите тестни 400 примероци.

“Ќе направиме се да еколошката индивидуална мобилност стане достапна на милиони луѓе како и пресврт за нашата компанија на патот до климатска неутралност во 2050 година” изјави првиот човек на Volkswagen, Дис по повод стартот на производството.

Кристијан Зенгер, првиот човек на VW за е-мобилност претходно изјави дека овој модел ќе биде понуден со три верзии на батериите. Двете од нив ќе може да поминат до 330 км со едно полнење, додека третата максимални 450 км.

Продажата цена на овој модел со основното ниво на опременост и најмал капацитет на батеријата изнесува нешто над 30.000 евра, додека оној, со максимален капацитет кој овозможува домет од 420 километри изнесува 40 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK