Во унгарската фабрика на Audi лоцирана во градот Ѓер, започна сериското производство на plug-in хибридната верзија на Audi.
Првиот примерок од овој модел во сина боја излезе од фабриката во понеделникот, а истиот е наменет за купувач од Германија.
На производството на овој модел работат 1.500 вработени кои поминаа специјална обука, а производството стартуваше откако германскиот производител ја спроведе инвестицијата од неколку милиони евра за прилагодување на фабриката и производствениот процес.
Инаку минатата година во оваа фабрика Audi произведе 1.968.742 TFSI мотори и 164.817 возила. Заклучно декември минатата година во оваа фарика работеле 12.800 лица што го прави Audi еден од најголемите работодавачи во Унгарија.