Започна производството на Skoda Fabia

ОБЈАВЕНО НА:

Четвртата генерација на Skoda Fabia и официјално започна да се произведува. Чешкиот производител со соопштение за јавноста и неколку фотографии го означи стартот на производството.

Како и сите претходни генерации така и оваа се произведува во историскиот центар на Skoda, во Млада Болеслав, но наскоро би требало да започне и производството во Кина и Алжир каде во моментов се уште се произведува третата генерација.

Како што е објавено од претходно, новата генерација на Fabia се базира на MQB-A0 платформата развиена од Volkswagen Gorup. На истата се базираат и Audi A1, SEAT Arona, SEAT Ibiza, Skoda Kamiq, Skoda Scala, Skoda Fabia, Volkswagen Nivus, Volksswagen Polo, Volkswagen T-Cross и Volkswagen Virtus.

Благодарение на новата платофрма, овој мал градски автомобил доаѓа со зголемени димензии. Така должината на автомобилот е зголемена за дури 110 мм. на вкупно 4107 мм. Меѓуоскиното растојание на автомобилот е зголемено за импресивни 94 мм до 2564 мм, а ширината за дополнителни 48 мм до 1780 мм.

Во поглед на мотористиката засега е потоврдено дека во понудата ќе биде достапен со стандардните два 1,0 литарски безински мотори, едниот со 80 КС, а другиот со 110 КС. Во понудата ќе се најде и 1,5 литарскиот бензински мотор со 150 КС. Идните купувачи ќе може да бираат и помеѓу двата мануелни менувачи како и 7 степениот автоматски.

Продажбата стартува уште овој месец во земјите од Централна Европа, а од следниот месец на целата територија на Европа. Цената останува непозната.

Новата Skoda Fabia – сега поголема, поумна и посилна (Фото)

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK