Само неколку месеци по премиерата Peugeot официјално го означи стартот на производството на втората генерација од моделот 208.
Целокупното производство на овој модел ќе се одвива во фабриката на PSA Групација во Мароко, а за целите на производството на овој модел компанијата инвестираше дополнителни 557 милиони евра. При тоа планирано е годишно производство од 200 илјади автомобили.
“Мароко има историско и стратешко значење за нашата групација и нашите брендови, Peugeot, Citroen, DS и Opel” изјави Жан КРистоф Кемард, член на управниот одбор на PSA Групацијата во рамките на церемонијата за означување на стартот на производството.
Новиот Peugeot 208 ќе им биде достапен на потрошувачите во верзии со бензин, дизел и електрични верзии. Се очекува дека со капацитет на батерија од 50 kWh, ќе има автономија од околу 300 км.
Почетокот на продажбата е закажана за кон крајот на ова лето.